Правила на игра

  1. Организатор на наградната игра со име “Pepsi Летно лудило!” е Прилепска Пиварница АД-Прилеп, со седиште на ул “Цане Кузманоски” бр.1 Прилеп, со ЕДБ 4021991109104 и ЕМБС 4071344.

  1. Времетраењето на наградната игра “Pepsi Летно лудило!” e од 01 јули 2016 година до 21 август 2016 година.

  1. Место на одржување на наградната игра е целата територија на Република Македонија.

  1. Право на учество во наградната игра имаат сите консументи на производите „Пепси Кола“, „Миринда Оранж“, „Миринда Лимон“ и „7 Уп“ од Прилепска пиварница А Д Прилеп (организатор на наградната игра) во пакување од 1,5 л. ПЕТ амбалажа и „Пепси Кола“, „Миринда Оранж“ и „Миринда Лимон“ во пакување од 0,5 л. ПЕТ амбалажа, а постари од 18 години, освен вработените во Прилепска Пиварница АД-Прилеп и Тера Комуникејшнс ДООЕЛ Скопје, како и членовите на нивните потесни семејства.

  1. Наградната игра, Организаторот Прилепска пиварница А.Д. Прилеп ја прави со цел рекламирање на неговите производи од ПепсиКо фамилијата „Пепси Кола“, „Миринда Оранж“, „Миринда Лимон“ и „7 Уп“.

  1. Н ачин за учество во наградната игра :

За да се учествува во наградната игра потребно е да се купи еден од производите „Пепси Кола“, „Миринда Оранж“, „Миринда Лимон“ (во пакување од 0,5 литри ПЕТ или 1,5 литри ПЕТ амбалажа) или „7 Уп“ (во пакување од 1,5 литри ПЕТ амбалажа) од Прилепска пиварница А.Д. Прилеп.

Пакувањата кои ќе учествуваат ќе бидат со посебни златни капачиња назначени дека се за наградна игра.

Потребно е да се испрати единствениот код кој се наоѓа на внатрешната страна на капачето (под капаче). Испраќањето на единствениот код се врши или бесплатно преку креирање на персонален кориснички профил и внесување кодови преку самиот профил на постоечки таб на веб страната www.pepsi.com.mk или преку испраќање SMS порака на телефонскиот број 145 111. Секоја SMS порака чини 5 ден. + ДДВ.

Еден код од внатрешната страна на капачето од поединечен производ може да биде испратен само еднаш било преку креираниот персонален кориснички профил било преку СМС порака.

Секое лице кое ги исполнува условите за да учествува во наградната игра, може да учествува во истата неограничен број пати.

Секоја злоупотреба од учесниците во наградната игра ќе биде веднаш пријавена од организаторот на наградната игра до надлежните државни органи.

  1. Извлекување на награди

Испраќањето на единствените кодови кои ќе учествуваат во наградната игра, а кои се наоѓаат на задната страна на капачето од производите, ќе може да се вршиод 01 јули 2016 година од 00.00 часот најдоцна до 21 август 2016 година до 15.00 часот, преку веб страна www.pepsi.com.mk или СМС порака.

7.1 Извлекување на награда iPhone 6 16gb

Во период од 11 јули 2016 година до 20 август 2016 година секој ден од понеделник до сабота во 15.00h ќе биде извлечен по 1 (еден) добитник на iPhone 6 16gb, односно ќе бидат доделени вкупно 36 iPhone 6 16 gb на следните датуми:

1

11.07.2016 г.

13

25.07.2016 г.

25

08.08.2016 г.

2

12.07.2016 г.

14

26.07.2016 г.

26

09.08.2016 г.

3

13.07.2016 г.

15

27.07.2016 г.

27

10.08.2016 г.

4

14.07.2016 г.

16

28.07.2016 г.

28

11.08.2016 г.

5

15.07.2016 г.

17

29.07.2016 г.

29

12.08.2016 г.

6

16.07.2016 г.

18

30.07.2016 г.

30

13.08.2016 г.

7

18.07.2016 г.

19

01.08.2016 г.

31

15.08.2016 г.

8

19.07.2016 г.

20

02.08.2016 г.

32

16.08.2016 г.

9

20.07.2016 г.

21

03.08.2016 г.

33

17.08.2016 г.

10

21.07.2016 г.

22

04.08.2016 г.

34

18.08.2016 г.

11

22.07.2016 г.

23

05.08.2016 г.

35

19.08.2016 г.

12

23.07.2016 г.

24

06.08.2016 г.

36

20.08.2016 г.

Во извлекувањето на наградата iPhone 6 16 gb учествуваат само кодовите кои се испратени во периодот од 15.00 h претходниот до 15.00 h тековниот ден кога се врши извлекувањето.

По исклучок само за извлекувањето на iPhone 6 16GB на ден 11.07.2016 година, ќе учествуваат сите кодови кои ќе бидат испратени во период од 01.07.2016 година од 00:00 часот до 15.00 h на 11.07.2016 година.

7.2 Извлекување на награда Sony entertainment сет со PS4 (Sony ТВ, Sony Аудио Систем, Sony PS4 5 0 0GB)

Во период од 17 јули 2016 година до 21 август 2016 година секој ден-недела во 15.00 часот ќе биде извлекуван по 1 (еден) целосен Sony entertainment сет со PS4 (Sony ТВ, Sony Аудио Систем, Sony PS4 500GB), односно ќе бидат доделени вкупно 6 Sony entertainment сет со PS4 ( составени од Sony ТВ, Sony Аудио Систем и Sony PS4 500GB) на следните датуми:

1

17.07.2016 г.

2

24.07.2016 г.

3

31.07.2016 г.

4

07.08.2016 г.

5

14.08.2016 г.

6

21.08.2016 г.

Во деновите кога ќе има извлекување на Sony entertainment сет нема да има извлекување на iPhone 6 16 gb.

Во извлекувањето на Sony entertainment сет учествуваат сите недобитни кодови испратени во периодот од 15 часот претходната седмица (ден недела), до 15 часот во недела-тековната седмица кога е извлекувањето. Само за извлекувањето на Sony entertainment сет со PS4 на ден 17.07.2016 ќе учествуваат сите кодови кои ќе бидат испратени во период од 01.07.2016 година од 00:00 часот до 15.00 h на 17.07.2016 година.

Извлекувањето со посебно изработен софтвер и по случаен избор од кодовите испратени преку смс и веб ќе го извршува ТРГОВСКО ДРУШТВО “ТЕРА КОМУНИКЕЈШНС ДООЕЛ СКОПЈЕ на адреса ул. “11-ти Октомври“ бр.25 канц 705/кат 7 Скопје Центар.

  1. Невалидно учество во наградна игра

Погрешно испратените или повторно испратените кодови по СМС пораки или преку креираниот персонален кориснички профил, ќе бидат третирани како нерегуларни и нема да учествуваат во извлекувањето.

  1. Добитниците ќе бидат контактирани и известени за наградите и телефонски од организаторот на наградната игра, на телефонските броеви кои ги оставиле преку веб страната, односно преку телефонскиот број од кој ја испратиле СМС пораката со кодот, непосредно после секое извлекување. Преку телефон организаторот на наградната игра ќе ги контактира добитниците на наградите со цел да се информира за личните податоци и адресата на живеење за да ги објави добитниците на наградите и за да ги испрати наградите.

  1. Добитниците на наградите ќе бидат и јавно објавени (секој ден кога има извлекување во 16.00 часот) на WEB страницата www.pepsi.com.mk

  1. Извлекувањето на наградите, ќе го контролира жири комисија составена од 3 члена: 1 претставник на Прилепска Пиварница АД-Прилеп, 1 претставник на маркетинг агенцијата “Интелекта ДООЕЛ Скопје ” и 1 претставник на Тера Комуникејшнс ДООЕЛ Скопје”.

  1. Подигнување на наградите

Организаторот на наградната игра ќе ги предаде наградите во рок не подолг од 10 дена од денот на објавувањето на добитниците со тоа што добитникот на наградата е должен да се легитимира преку приложување документ за идентификација и капачето со добитниот код. Добитникот, по избор, може наместо достава, лично да ја подигне наградата од седиштетето на организаторот на наградната игра во рок од 30 дена од денот на јавното објавување на добитниците. При телефонскиот повик од организаторот добитникот на наградата одлучува за начинот на доделувањето на наградата. Доколку добитникот не достави информација за точна адреса и/или телефонски број или не ја подигни сам наградата од Прилепска Пиварница АД во предвидениот рок од 30 дена од денот на објавувањето на добитниците, организаторот нема никаква одговорност околу наградите и не е должен да ја предаде наградата.

Организаторот после 21 август ќе ги повлече сите амбалажи на кои ќе биде назначено дека се за наградната игра.

  1. Незадоволниот учесник има право на приговор во рок од 5 дена од денот на објавување на добитниците, а Прилепска Пиварница АД-Прилеп ќе одговори на приговорот во рок од 3 дена од денот на поднесување на приговорот.

  1. Правилата на наградната игра, со цел запознавање на учесниците на истата, по добивањето на согласност од Министерството за финансии, пред започнувањето на наградната игра, ке бидат објавени јавно на официјалната веб страна на Организаторот на наградната игра, www.pepsi.com.mk. За начинот на учество во наградната игра ќе се емитуваат и телевизиски спотови, а учесниците ќе бидат запознаени и преку билборди и постери.

  1. Награди кои ќе бидат доделени во наградната игра со име “Pepsi Летно лудило!” во организација на Прилепска Пиварница АД-Прилеп се:

Р.бр.

опис на награда

количина

1

Мобилен телефон iPhone 6 16GB

36

2

S ony entertainment сет со PS4

6

2.1

Телевизор Sony KDL40R550CBAEP Smart

2.2

Sony BDVE 2100 CEL Home Cinema
( со пресметан рабат 10,01 %)

2.3

Конзола Playstation Sony 4 500gb White
(
со пресметан рабат 22,23%)

ВКУПНО

42

  1. Со пополнувањето на пријавата за наградната игра, учесникот во наградната игра изречно се согласува дека организаторот, до отповикување од страна на учесникот, може да прибира, води, чува и обработува збирка собрани лични податоци на наградените и регистрираните корисници, за изведување на наградната игра и известување за наградната игра. Oрганизаторот се обврзува дека ќе ракува со спомнатите податоци во согласност со позитивните прописи со кои е уредена заштитата на личните податоци. Обработката на личните податоци за цели на директен маркетинг ќе се извршува во целост во согласнот со Законот за заштита на личните податоци, а секој учесник во наградната игра има право во секое време бесплатно и со користење на едноставни средства да ја повлече согласноста за обработка на неговите лични податоци за цели на директен маркетинг.

Организаторот се обврзува дека нема да ги проследува личните податоци на трети лица, освен доколку е тоа потребно за законски цели при изведување на наградната игра.

Организаторот се обврзува дека ќе ги обработува, чува и уништи податоците во согласност со законодавството со кое е уредена заштитата на личните податоци.

Учесниците во наградната игра се согласуваат нивниот податок телефон и електронска пошта да може да се користи за комуникација како и да може да се јавно да се објави доколку бидат извлечени.

Добитниците на наградите изрично се согласуваат да се фотографираат со наградата и фотографијата да може да се користи за маркетинг цели.

  1. Сите трошоци за наградната игра ги сноси Прилепска Пиварница АД-Прилеп од својот буџет за реклами.

Прилепска пиварница А.Д. Прилеп